среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Селковски: Ременски да се извини за изнесените невистини за Сојузот на слепи

Револтираното членство на НССРМ од целата територија на државата реагира на дописот до медиумите од страна на Кабинетот на Ременски.

gggggggg-640x363-1

Последни вести

Претседателот на НССРМ, Жарко Селковски, истакна дека националниот сојуз на слепи на Република Македонија претставува непартиска, непрофитна, доброволна организација од посебно општествено значење, национална инвалидска организација.

-Во Националниот сојуз на слепи на Република Македонија членовите се тука судбински. Партијата наша е Сојузот на слепите. Нашите членови се и Македонци и Албанци, Турци, Срби од сите националности. Така да не може да не обојуваат нас партиски и затоа би сакал да апелирам до министерката во рок од 48 часа да ни се извини. Во спротивно ќе покренеме кривична постапка, рече Селковски.

Тој посочи дека револтираното членство на НССРМ од целата територија на државата реагира на дописот до медиумите од страна на Кабинетот на Ременски.

Селковски информираше дека на незаконски формираната комисија од МТСП им било дадено да направат увид на целата документација пред 10 дена, а увид им било правено и во месец мај при што не им било доставен никаков извештај за извршената контрола.

Сојузот на слепи не бил известен ни дека Државната комисија за спречување на корупција реагирала до МТСП за вршење на надзор над Сојузот.

-Потенцираме дека средствата кои се добиваат од МТСП се користат наменски и согласно целите и програмите за работа на НССРМ и реагираме на обидот за манипулација со јавноста на МТСП за злоупотреба на средства и други незаконитости. Очигледно дека Комисијата во месец мај не си ја завршила својата работа, бидејќи изборите се одложија, па сега повторно пред избори се формира комисијата се со една единствена цел притисок врз членството, рече Селковски.

Во однос реакцијата на МТСП во која се вели дека соопштенијата на сојузот на слепи се класично партиско и очигеледно дека некој друг им го подготвил, Селковски вели дека НССРМ располага со армија на свои стручни вработени па нема потреба некој друг да пишува во нивно име.

-Сведоци сме на нестручни лица, членови на Комисијата формирана од Фросина Ременски без потпис на дополнителниот заменик министер- социјални работници да доаѓаат во контрола на финансиското работење и сметководство, рече Селковски.

Најчитани вести