Село Чифлик доби колекторски систем и канализациона мрежа

Започна изградбата на канализационен систем за отпадни води во општината Чешиново-Облешево, со кој ќе се реши повеќедеценискиот проблем на над 1.500 жители од ова населено место.

Изведувач на работите е компанијата „Сандра инженеринг“ ДООЕЛ Скопје. Примарната канализациона мрежа е со должина од 4.690 метри, додека колекторскиот систем е со должина од 628 метри. Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 16 милиони денари, средства кои општината ги доби со проект од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, изјави Костадин Личков, градоначалник на општина Чешиново Облешево.

Доколку дозволат временските услови овој канализационен систем за одпадни води  и колекторскиот систем се очекува да бидат готови за три месеци.