Селтик, Динамо (З), Стеауа можни противници на Работнички

Како и што се очекуваше, новиот фудбалски шампион на Македонија, тимот на Работнички е сместен во аутсајдерската група кога е во прашање ждрепката за 2. квалификациско коло од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони. 

Популарните “романтичари” својот противник ќе го дознаат на 23 јуни, а од позвучните противници ги извојуваме Стеауа (Романија), Селтик (Шкотска), БАТЕ Борисов (Белорусија), Спарта Прага (Чешка), Динамо Загреб (Хрватска), Лудогорец (Бугарија), Макаби Тел Авив (Израел), Шериф Тираспол (Молдавија), Марибор (Словенија), Слован (Словачка), Актобе (Казахстан), Вентспилс (Латвија), Карабах (Азербејџан), Хелсинки (Финска).

Се уште не се завршени шампионатите во Полска, Унгарија и Србија, а таму многу поблиску до шампионската титула се екипите на Легија Варшава, Дебрецин и Црвена Звезда.

Работнички со пласманот во квалификациите од Лигата на шампионите си обезбедија и 375.000 евра, гарантираната финансиска заработка од УЕФА. Првите натпревари од 2.квалификациско коло се играат на 15/16. јули а реваншите се седум дена подоцна.