Семакедонска илинденска средба во Трново

Семакедонска илинденска средба во Трново денеска ќе се одржи во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“.

Настанот е во организација на Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Битола, Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес.

Оваа семакедонска илинденска средба во Трново ќе почне со света архиерејска литургија што ќе ја отслужи митрополитот Европски Пимен.

На денешната семакедонска илинденска средба во Трново ќе се обратат и вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски и претставници на организаторите во чие име претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров ќе прочита Семакедонска илинденска декларација за Македонија.

За време на манифестацијата е предвидена богата културно-уметничката програма со настапи на повеќе културно уметнички друштва.

Илинденски средби одржани и во беровско Владимирово

Тридневна манифестација под името „Владимирски Илинденски средби“ се одржува од 31. јули па до денеска во беровското село Владимирово.

Организаторот на манифестацијата  – Здружение Владимирски Илинденски средби, најавува богата културно-уметничка и забавна програма.

Богата програма на манифестацијата „Владимирски Илинденски средби“

Владимирски Илинденски средби
Владимирски Илинденски средби

Главно место за одвивање на програмските активности е местото викано Мегдан во центарот на селото, каде во вечерните часови на сцена настапуваат играорни друштва, дувачки оркестри и вокално инструментални состави.

Специјални гости на манифестацијата „Владимирски Илинденски средби“, се Сузана Спасовска, Виданка Георгиева, Горан Алачки и Панче Алачки. Посебна атракција е настапот на странски гости – ученици на Горан Алачки кои ќе исполнуваат малешевски фолклорни песни на традиционални инструменти. Во тек на вториот ден се одржа Илинденски турнир во мал фудбал.

Оваа година, во рамки на манифестацијата „Владимирски Илинденски средби“, ќе се отвори и постојана изложба под името „Културно историска одаја – Огледало на владимирската гордост“, каде посетителите ќе имаат можност да видат документи, предмети, книги и фотографии кои говорат за историјата и потенцијалите на село Владимирово кое го носи епитетот – СЕЛО НА УЧЕНИ ЛУЃЕ.

 

 

Македонија денеска ги слави двата Илиндена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.