Семејна драма: Драчевец ги претепал мајка си и брат си

Педесет и двегодишната Д.С. вчера во полициската станица Драчево пријавила дека таа и нејзиниот син без повод и причина во семејната куќа биле нападнати со дрво и камења од страна на нејзиниот син, односно брат, Д.С. (24).

Тие при нападот се здобиле со тешки телесни повреди.

Истиот им упатил и сериозна закана  дека ќе посегне  по нивните животи.

По целосно документирање на случајот против Б.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.