Семејниот центар на Град Скопје за две години регистрирал 120 жртви на семејно насилство

Прв Семеен центар на Град Скопје одбележува 2 години од своето постоење. Во центарот за овие две години се опфатени вкупно 278 корисници, од кои 168 се жени, а останатите 110 се мажи. До сега Семејниот центар работел со 56 семејства, а индивидуално според категорија имало 120 жртви на семејно насилство, 34 сторители на семејно насилство, 68 малолетни деца и 56 други членови на семејството кои учествувале во советувањето. Кај корисниците кои успешно го завршиле психосоцијалниот третман нема повторување на насилството.

Карактеристично за Семејниот центар е што е единствено советувалиште за сторители на семејно насилство, каде со нив се работи по специјализирана програма за третман на сторители на семејно насилство. За поздрав е фактот што сè повеќе сторители самостојно бараат помош и се осве