Семејниот центар на Град Скопје за две години регистрирал 120 жртви на семејно насилство

стуваат дека прават нешто погрешно. Имено, кај овие клиенти третманот е најкраток и најуспешен.

Во рамките на центарот беше издадена и брошура за Родителски вештини, која е достапна во просториите на центарот, и е наменета за сите сегашни и идни родители. Децата во оние семејства каде е присутно насилство се оние кои најмногу страдаат, без разлика дали насилството е насочено директно кон нив или не. Нашето искуство покажало дека кај секое дете кое било сведок на насилство, се развиваат трауми кои го отежнуваат развојот на детето, и го спречуваат во остварување на реалните потенцијали кои ги има, во секој аспект на понатамошниот живот.

Жртвите на семејно насилство кои добиваат советување во Семејниот центар се оние кај кои ефектите од работата најјасно се отсликуваат. Имено, тие по завршување на третманот добиваат нова перспектива на животот, ги надминуваат траумите од преживеаните неволји и од центарот излегуваат како зајакнати граѓани, кои се стабилни, свесни и конкуренти на пазарот на трудот.

Prv Semeen Centar Logo

Семејниот Центар функционира во рамките на Здружението нa граѓани Х.Е.Р.А. – Скопје, со поддршка на Град Скопје и Комерцијална банка и е бесплатно и до