Семејниот центар на Град Скопје за две години регистрирал 120 жртви на семејно насилство

верливо советувалиште за превенција и заштита од семејно насилство. Услугите кои се нудат во центарот се психосоцијален третман на жртви на семејно насилство, на сторители на семејно насилство, на малолетни деца кои биле директни жртви на семејно насилство или пак биле сведоци на насилство во семејството, како и цели семејства во кои се вршело, се врши или има ризик да се врши било кој вид на семејно насилство. Дополнително, центарот обезбедува советување со социјален работник, како и упатување и придружба до соодветни институции и организации. Исто така, во центарот може да се добие и бесплатна правна помош поврзана со семејно насилство. Услугите ги даваат обучен социјален работник и сертицифирани психотерапевти.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.