четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 0

Семејно насилство: Пијан маж и го скршил носот на сопругата

tepacka-momcinja

Последни вести

Педесет и двегодишната З.А. од долнореканското село Жировница, вчера попладне пријавила семејно насилство што дента го извршил нејзиниот 54-годишен сопруг А.А, а кој подолго време физички и психички ја малтретирал.

-Значително алкохолизиран, тој најпрво вербално се расправал со неа и вулгарно ја навредувал, а потоа без повод и причина ја удрил со тупаница по лицето и и нанесол фрактура на носот, од што почнала обилно да крвари и паднала во безсознание. Набрзо  З.А. со приватно возило пренесена е во Медицинскиот центар во Дебар, укажана и е помош и пуштена е на домашно лекување, информираат од СВР Тетово.

Педесет и четиригодишниот А.А. нешто подоцна лишен е од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар.По целосното расчистување на сите поединости ќе се соочи со соодветен поднесок.

Најчитани вести