сабота, 14 јануари 2017  |  Вести денес: 28

Семејно насилство: Внук ѕверски го малтретирал дедото

Внук ѕверски го малтретирал дедото. Седумдесет и осумгодишниот А.С од долнореканското село Требиште, вчера пријавил семејно насилство. Дедото бил малтретиран од страна на неговиот 25-годишен внук Е.С, со кого живееле заедно во куќата.

boks

Поврзани вести

Откако не добил пари што му ги барал на својот дедо, Е.С. започнал психички да го малтретира и вербално да се расправа, по што се налутил и го соборил на подот, оштетувајќи му го апаратот за слушање, информираат од СВР Тетово.

Но, тоа не било се. Внукот продолжил да ја оштетува, односно крши покуќнината внатре и да се заканува по животот на дедото, кој подолго време бил малтретиран на ваков или сличен начин.

Набрзо по пријавувањето, Е.С. бил приведен во полициската станица Гостивар и по целосното расчистување на случајот, ќе се соочи со соодветен поднесок.

Најчитани вести