Македонија,Крими хроника

Семејство од Желино „олеснето“ за над 19.500 евра

Семејство од Желино „олеснето“ за над 19.500 евра

Тешка кражба се случила вчера во тетовското село Желино, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Непознатиот крадец преку прозорец од подрумските простории успеал да влезе во куќата на 78-годишниот Ј.Б. од село Желино. Во пленот на крадецот имало поголема количина златен накит и гасен пиштол, кој што сопственикот го поседувал со дозвола.

Според проценките на сопственикот, направена е штета од над 19.500 евра.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на сторителот.