Семејство во кумановско за Велигден остана без покрив над главата

Припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово изминатото деноноќие регистрале две интервенции во своето работење во атарот на селата Довезенце и Ново Село, информираат во саботата од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во петокот околу 12,30 часот кумановските пожарникари добиле повик за пожар во атарот на селото Довезенце, при што четворица пожарникари со едно противпожарно возило веднаш се упатиле на терен и неколку часови се справувале со огнот. Пожарот зафатил површина од 10 хектари сува трева и драка. Пожарникарите конечно успеале да го ликвидираат пожарот во 17,30 часота, а причините за негово избувнување не се познати.

Втората интервенција е регистрираниа во 18,20 часот кога во атарот на Ново Село се запалила семејна куќа, а од огнот изгорел и помошен објект. На терен веднаш излегле шестмина пожарникари со две противпожарни возила и огнот го локализирале околу 20 часот. Причина за избувнувњето на пожарот како и висината на материјалната штета допрва ќе се утврдува.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.