Семејството ги доби резултатите на ДНК анализата за Дениса

Резултатите од ДНК анализата се пристигнати во рацете на семејството на 23-годишната Дениса Маркоска, но полицијата не открива дали пронајденото тело во Егејското море е на младата прилепчанка.

Извори од семејството на Дениса за Press24 потврдуваат дека пронајдениот женски труп е на Дениса Маркоска, но не откриваат повеќе детали.

Дениса Маркоска за последен пат беше видена на 13 септември на бродот Серенисима каде што работела во моментот кога тој пловел кон Крит. Од тогаш и се губи секаква трага.