Семејството Марјановиќ ја напушти семејната куќа

Сите членови од семејството Марјановиќ околу 12 часот ја напуштиле семејната куќа, пишуваат српските медиуми.

Зоран Марјановиќ, сопругот на брутално убиената Јелена Марјановиќ и неговиот син Урош, ќерката Јана и таткото Владимир заедно заминале од семејната куќа.

Не е познато дали трајно го напуштиле семејниот дом и дали можеби на извесен период се иселил поради силниот медиумски притисок кој со денови се врши врз нив.

Како што претходно изјавила Нада Топчагиќ целата трагедија најсилно се одразува на малата Јана која постојано е во паника и се плаши и тој „мистериозно да не исчезне“ како мајка и.

-Вистина е дека детето е под постојан страв. Јана не се дели од татко и. Постојано е со него и буквално само со него и комуницира, одбива да се раздели од него и на минута. Не сака да оди никаде и единствено со него зборува – кажала Нада.