Крими хроника

по објавувањето на причините за смртта на познатата лекарка Семејството на лекарката Масин ќе бара дополнителна истрага

Семејството на лекарката Масин ќе бара дополнителна истрага

Познатата 53-годишна лекарка и професорка на Медицинскииот факултет беше пронајдена мртва на 9-ти мај минатата година, со повреди по телото, телото го пронашол нејзиниот сопруг, лекар на истата клиника, а семејството на починатата лекарка не е задоволно од истрагата на Основното јавно обвинитество и ќе бара дополнителна истрага.

Ова за НОВА го потврди нејзината сестра која рече дека многу се вознемириле од резултатот од истрагата, за која дознале од информацијата на НОВА.

Семејството смета дека прво тие требало да бидат известени, но досега никој ниту ги известил ниту ги контактирал.

„Крајно сме незадоволни како е водена истрагата. ОЈО требаше прво нас, како семејство да нѐ известат. Никој досега не не викнал, ниту од МВР, ниту од Обвинителство. На сослушување беше повикан само сопругот. Кога прашувавме и баравме одговори ни беше кажувано дека случајот е многу замрсен, дека има сомнеж за самоубиство, но дека повеќе личи на убиство. Дека не е „ниту риба, ниту девојка“, изјави за НОВА, Марија Димитровска Масин, сестра на починатата лекарка Масин.

Тврди дека се околу смртта на најзината сестра е многу мистериозно и дека целата истрага е водена лошо и многу чудно.

Претходно во средата беше соопштено дека е завршена истрагата за смртта Масин.
Смртта на лекарката Јелка Масин настанала од самопровредување, односно таа сама си го одземала животот, потврдиле за Нова ТВ од Основното јавно обвинителство.

Истрагата покажала дека врз телото на лекарката која беше пронајдена мртва во нејзиниот дом во скопската населба Капиштец, нема други траги од физичко насилство, ниту од борба. Со тоа истрагата е завршена, а ОЈО смета дека нема место за јавно обвинителска интервенција во поглед на смртта на починатата лекарка од Клиниката за нефрологија.

„Утврдено е дека сега починатата сама се лишила од живот, односно дека раните настанале од само повредување. По извршените анализи е утврдено дека нејзиниот сопруг не бил присутен во моментот кога настапила смртта кај сега починатата“, се вели во одговорот од ОЈО.