Семејството на Заев се луксузира во Швајцарија, додека полицијата ја брани државата

Додека во Куманово се одвива жестока вооружена акција помеѓу македонската полиција и група терористи кои имаат за цел да ја дестабилизираат земјава, семејството на лидерот на опозицијата, Зоран Заев,  е на безбедно, во Швајцарија. И тоа не каде било, туку во луксузниот хотел „Рамада ла Палма“, во Локарно, каде што за дневен пансион се плаќа 400 франци.

ramada2

locarno__switzerland_by_dzinefull-d5wy6qn

По последните случувања – неколкудневните насилни протести предводени од опозицијата на кои имаше повредени полицијци, како и денешниот упад на терористите во кумановската Дива населба, многумина се прашуваат: Дали Заев имаше некое сознание и информации за ова, па пред неколку дена ја испрати фамилијата на безбедно место во Швајцарија.

За целата ситуација, соросовите медиуми одат во небулозни теории дека терористичките напади, во Гошинце и во Куманово, биле креација на власта за да го зачува „својот останок“.
Челникот на Сорос во Македонија, Владимир Милчин, објавуви на својот Фејсбук профил:
„Најпрвин театро во Гошинце, сега крвава драма во Куманово која треба да го продолжи владеењето на Грујо и фамилијата. Со прогласување вонредна состојба да се забранат протестите. Или барем да се етикетираат како антипатриотски. Изградените мостови меѓу Македонците и Албанците да се урнат. Приведувањата и претепувањата да си се одвиваат непречено. „Бомбите“ да запрат или да се минимизира нивниот ефект. Тронот на Грујо да престане да се ниша. Зад кулисите на борбата против нарачаните надворешни непријатели непречено да се одвива ловот на „внатрешните непријатели.На тоа се сведува неговиот патриотизам“

За тектот следуваа бројни критички коментари. Еден од нив вели: „Кодошу Милчин, збориш за фамилија, епа сега ќе ти објаснам -Заев што си ја однесе фамилијата во Швајцарија е криење и штитење на фамилија. Лицемери еден“.

11122340_10206179491193484_30455864_n

 

За целата ситуација, соросовите медиуми одат во небулозни теории дека терористичките напади, во Гошинце и во Куманово, биле креација на власта за да го зачувала „својот останок“.

И покрај тоа што опозицијата е свесна дека со протестот што е најавен и за вечерва, го ослабува капацитетот на полицијата која поради потребата да го обезбедува овој настани не може да даде поголем придонес во Куманово, сепак тој ќе се оддржи.
По насилните протести, објавата на креирани материјали со чувствителни теми и тензичната ситуација денеска во Куманово, многу е легитимно прашањето зошто токму во овој период Заев го тргнува своето семејство во странство, и дали можеби тој знае нешто повеќе за случувањата кои внесоа немир на македонските граѓани?