Семејството Рафајловски со позитивно искуство од греењето на пелети

-Идејата ја добив одамна, пред 4-5 години, гледајќи на „Дискавери“ дека пелетите се револуција како извор на греење. Фактичката реализација се случи по посетата на саемот за техника во Љубљана, каде котлите за пелети беа пресудни за ние заедно со синовите ги вградиме во нашиот дом. Би сакал да кажам дека не сум точно упатен, но ја поздравувам акцијата за примена на пелетите во семејните домови од неколку причини, меѓу кои тоа што немаме дополнителни дејности како цепење на дрва, но и греењето е доста поекономично, конкретно со помалку средства се грејат поголеми површини, изјави Рафајловски за ТВ Нова.

Тој вели дека пред да се греат на пелети, се грееле на електрична енергија, но откако почнале да користат пелети не само што добиле константно греење, туку и економски бенефит.

-Порано плаќавме 20.000 денари, а минатата година не чинеше околу 12.000 денари за загревање на 300 квадрати, додаде тој.

Душко Рафајловски апелираше до сите да ги користат пелетите и додаде дека е одлично што владата се вклучува во тој процес.

-Иако не сум експерт за екологија можам да забележам дека и оџаците порано ги чистевме два пати годишно, а сега на 2-3 години. Пелетите не го валкаат просторот, котелот е еден од посовремените и се чисти еднаш неделно, рече тој.

Рафајловски вели дека има два типа пелети од типот „а“ и „б“. Меѓутоа пелетите од типот „а“ нудат  поголем ефект.