Семејството Шумахер ја загуби правната битка

Семејството на автомобилскиот ас Михаел Шумахер деновиве е во вистински шок, бидејќи најмалку што очекуваа е да биде одбиена нивната судската битка која ја водеше семејството Шумахер изминативе неколку години.

Станува збор за тужбата против германско списание кое фаталната несреќа на возачот на Формуа 1 го искористило за пласирање информации во врска со неговото семејство.

Весникот Die Aktuele во 2015 година на својата насловна страница објавил фотографија од сопругата на Михаел со наслов „Новата љубов Корина Шумахер ја прави среќна“, меѓутоа натаму во текстот било напишано дека нејзината нова љубов било момчето на нивната ќерка Џини Марија Шумахер.

Семејството се одлучи да го тужи списанието, бидејќи сметало дека по насловната страница се подразбирало дека тие двајца се разведуваат и дека таа има нов партнер.

Корина на суд порабара 50.000, но судот во Хамбург во петокот ја одбил тужбата со образложение дека насловната страница не ги наведува читателите да мислат на тоа дека тие двајца се разведуваат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.