Македонија

Семејството Заеви во време на режим имаат милионски бизниси

Семејството Заеви во време на режим имаат милионски бизниси

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев при синоќешното гостување во дебатата на НОВА ТВ потврди дека неговото семејство има милионски бизниси и покрај тоа што опозицијата предводена токму од него постојано говори за немање слобода и обвинува за некаков режим и режимско владеење, објави Курир.

Едно од прашањата поставени вчера до Заев беше и тоа дали е вистина дека неговиот брат гради катна гаража во Прилеп, во центарот на градот и притоа Заев беше прашан да објасни како режимот му дозволил да гради трговски центар во вмровска општина, односно како тоа режимот го урива Фијат Цаноски, а братот на Заев го остава на раат да гради.

Заев во одговорот потврдува за големите бизниси кои ги имаат тој и неговото семејство и вели дека Заеви се вклучени во згради во Струмица, во Скопје, во Гостивар во Охрид, насекаде…

-Купувач на парцелата е приватно лице кое што е блиско до ВМРО-ДПМНЕ, барајќи партнери да се вклучат во инвестицијата, не можел сам да инвестира, се вклучи мојот брат заради тоа што Заеви имаат циглана и кога ги доставаат циглите и градежните материјали, за возврат добива деловен простор или стан. Заеви се вклучени во згради, во Струмица, во Скопје, во Гостивар во Охрид, насекаде, продаваме цигли, денеска никој не ги плаќа циглите за пари, даваат 90 отсто компензација во тој дел, вели Заев.

zaev-nova-500

Заев, кој вчера го обвини министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески за рушењето на објектот „Космос“, синоќа немаше одговор на прашањето дали при градбата на катната гаража на неговиот брат во Прилеп имале проблеми со министерот Јанакиески.

-Не знам дали имало проблеми. Тоа е еден проект во кој градежните фирми се вклучени насекаде заради тоа што продава цигли, рече Заев.

Заев синоќа уште еднаш потврди дека неговото семејство има големи бизнис насекаде низ Македонија и одлично заработува при, како што тој тврди, владеење на режим. Постојано повторувајќи дека во земјава слобода нема, Заев заборави да каже како тоа во време кога нема слобода, тој и неговото семејство направиле богатство од 12 милиони евра, според пишувањата на весникот ДНЕВНИК пред извесно време. Семејството Заеви од просечно земјоделско семејство во транзицијата стана најбогатото семејство во Струмица и едно од најбогатите во земјава.

Лидерот на СДСМ треба да одговори како направи цело богатство токму во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ? Тој лично неодамна истакна дека најголемиот дел од своите пари ги стекнал во времето на актуелната владејачка партија.

-Нашиот имот е во делот на фирмите, фирмите се покриени со кредити. Еве реков, колку е вредноста на имотот по проценки отприлика се  и кредити и апсолутно не бегаме од тоа, ние се гордееме, тоа е создадено, пред се 90 отсто е создадено додека ВМРО-ДПМНЕ бил на власт. Граѓаните го чувствуваат деловниот амбиент, тука се бизнсимените, тука се вработените во сите фирми, сите знаат како живеат денеска. Деловниот амбиент во Македонија е за жал на минимум од целиот регион од по странски инвестиции. Домашните инвеститори престанаа да инвестираат, ако е добар деловниот амбиент зарем нема да имаме дополнително охрабрување, одважување да земеме кредити, да ги заложиме куќите. Нема никакви инвестиции во РМ, изјави Заев во интервјуто на МРТ.

Наспроти ваквите тврдења, Заев синоќа остана без конкретен одговор за тоа како “режимот“ му дозволил да гради трговски центар на неговиот брат во општина која е под контрола на актуелната власт и како тоа е можно “режимот“ да го урива Фијат Цаноски, а братот на Заев го остава на раат да гради. Лидерот на СДСМ само дополнително потврди за големите бизнис кои ги има неговото семејство, како што самиот рече, насекаде низ земјава, и тоа во услови на немање слобода и режим кој руши, а притоа тој и неговото семејство стекнаа цело богатство.