Семинар за депортацијата на македонските Евреи

Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија денеска ќе одржи семинар за професори по историја во Република Македонија, со наслов „Депортација на македонските Евреи“.

Семинарот е дел од проектот „Дипломатските „игри“ околу депортацијата на македонските Евреи“ реализиран во соработка со Дипломатскиот клуб – Скопје, Институтот за национална историја и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

Предавања ќе имаат директорот на Институтот за национална историја проф. д-р Драги Ѓеоргиев, главниот извршен директор на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија  Горан Садикаријо, директорот на Директоратот при Министерството за надворешни работи Сашко Тодоровски, доц. д-р Ирена Авировиќ и доц. д-р Теон Џинго од Институтот за национална историја.

Семинарот е организиран со поддршка на Министерството за образование и наука.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.