Семинар за управување со водите

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхаин изаири и амбасадорката на Франција во земјава Лоренс Оер денеска ќе се обратат на семинарот за управување со водите, што ќе се одржи во Скопје.

Семинарот е организиран како техничка помош од страна на Република Франција за Република Македонија.

Во рамки на настанот, министерот Изаири и амбасадорката Оер ќе потпишат административен договор за соработка меѓу македонското Министерство за животна средина и просторно планирање и француското Министерство за екологија, одржив развој и енергетика.