Сена во Париз го достигна нивото на водостој од шест метри

Сена во Париз го достигна нивото на водостој од шест метри
Сена во Париз го достигна нивото на водостој од шест метри

Реката Сена во Париз поради поројните дождови денеска го достигна нивото од шест метри, пренесоа француските медиуми.

Се очекува вечерва таа да го достигне пикот на покачување на нивото и тој да изнесува 6,30 метри или 6,50 метри, информира француското Министерство за животна средина.

„Ова високо ниво на водите на реката треба да остане стабилно во текот викендот, пред да почне да опаѓа“, се наведува во соопштението на министерството.

Прогнозираниот пик на нивото го надминува оној од 1982 година (6,15 метри). Тој, меѓутоа е далеку под историскиот максимум на нивото на реката во Париз, постигнат на 28 јануари 1910 година., кога водите на Сена се покачија до рекордните 8,62 метри во француската престолнина.