Сенаторот Круз ја објави кандидатурата за претседателските избори во САД

Сенаторот републиканец од Тексас Тед Круз ја објави кандидатурата за претседателските избори во САД, следната година, пренесе МИА.

– Ќе учествувам на претседателските избори и се надевам на вашата поддршка, изјави 44-годишниот сенатор преку својот налог на Твитер.

Објавата е придружена со 30-секунден видеоклип, во кој тој изјавува дека верува во Америка и Американците.

– За да ја вратам големината на САД, потребна е нова генерација на храбри конзервативци, истакна Круз, кој е поддржан од ултраконзервативното крило на Републиканската партија.

Се очекува подоцна денеска тој официјално да ја објави одлуката во обраќање во универзитетот во Вирџинија.

Тед Круз е првиот официјален кандидат од Републиканската партија, кој се кандидира за учество во натпреварот за партиската номинација за претседателската функција.

фото: foxnews.com

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.