Свет

Сенатот ја „блокираше“ Владата на САД

Сенатот ја „блокираше“ Владата на САД

Владата на САД од полноќ е блокирана, откако Горниот дом на американскиот Конгрес навремено не изгласа привремено финансирање. Се очекува тоа да биде направено денеска.

Републиканскиот сенатр Ренд Пол го одолговлечуваше гласањето поради потенцијално поголемиот дефицит во случај на усвојување на финансирањето на Владата.

Се очекува денеска, претставници на Републиканската и Демократската партија во Сенатот во голем број да гласаат за таа мерка, но гласањето во Претставничкиот дом е понеизвесно.

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изрази надеж дека блокадата ќе трае кусо.

 

МИА