Сенатот ја прифати новата италијанска влада

Италијанскиот Сенат ја потврди новата влада на италијанскиот премиер Матео Ренци, по расправата во која било заклучено дека таа може да ја поттикне економијата во земјата.

Сенатот ја прифатил владата кој Ренци ја предложил пред три дена, а која е составена од широка коалиција од демократи на десниот центар како и партијата на поранешниот премиер Силвио Берлускони.

Ренци, лидер на Демократската партија, изјавил дека му е потребна поддршка за „смелата визија“ за заживуваање на италијанската економија која стагнира.

Тој рекол дека Италија, оптварена со долгови, мора да ги „излечи“ своите јавни финансии не поради германската канцеларка Ангела Меркел или шефот на Европската централна банка која од Италија бара сериозно да ги сфати работите, туку за иднината на следните генерации.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.