Сенатот „му забрани“ на Обама да стави вето за тужби против Саудиска Арабија

Само еден член од 100-те членови на Сенатот гласаше „против“ законот, а 97 сенатори гласаа „за“.

Претседателското вето се отфрла со две-третини од сенаторите.

Белата куќа ја нападна речиси едногласната одлука на Сенатот.

– Ова е најголем срам што Сенатот на САД го има направено најверојатно уште од 1983 година, изјави портпаролот на Белата куќа Џош Ернест, потсетувајќи на последниот случај кога Сенатот со големо мнозинство гласови го одби претседателското вето.

Претходно Саудиска Арабија и нејзините сојузници ги предупредија американските законодавни органи дека ако им дозволат на државјаните на САД да го тужат Ријад поради нападите од 2001 година, ќе има негативни последици.

За отфрлање на ветото на Обама треба да гласа и Претставничкиот дом во Конгресот.