Сенатот на САД одобри санкции спрема Русија, Иран и Северна Кореја

Сенаторите изгласаа закон и покрај забелешките кои ги имаше претседателот Доналд Трамп.

Санкциите се усвоени со 98 гласови „за“ и два „против“, благодарение на поддршката од демократите и републиканците на Трамп.

Санкциите претходно ги одобри Претставничкиот дом со 419 гласови „за и три „против“. Законот сега се упатува во Белата куќа каде Трамп или ќе го потпише или ќе стави вето.