Сенатот на САД со резолуција за објавување војната против ИД

Американскиот републикански сенатор Ранд Пол поднесе во американскиот Сенат нацрт-резолуција, со која би и се објавила војна на терористичката група Исламска држава, пишува МИА.

Резолуцијата ќе има дејство една година и ќе се фокусира на употреба на копнени сили во војната против ИД.

Малку е веројатно за таа нацрт-резолуција да се дискутира во Сенатот до крајот на оваа година.

Пол се смета за евентуален кандидат на републиканците за претседател на изборите во 2016 година.

Американскиот Конгрес не објавил досега официјално војна од Втората светска војна досега.