Свет

Сенатот заклучи: ЦИА лаже!

Сенатот заклучи: ЦИА лаже!

Централната известувачка агенија ЦИА со години прикривала детали во врска со бруталната програма на испрашување на затворениците, пишува „Вашингтон пост“.

Американските функционери кои го виделе извештајот на Известувачкиот комитет на Сенатот за програмата за испитување, ги наведуваат новите нформации за мрежата на тајните притворски единици, познати како „црни локации“, пишува весникот.

Комитетот, кој е одговорен за надгледување на ЦИА, го завршил извештајот на 6.300 страници за програмата за испитување пред повеќе од една година, но документот бил означен како „доверлив“.

На „црните локации“ затворениците се подложени на сурови техники на испрашување дури и сега кога се знае дека тие веќе не располагаат со информации кои би можеле да ги дадат, се наведува во извптајот.

Во извештајот се спомнати досега непознати случаи на мачење, вклучувајќи го и наводното константно потпување во тенкови полни со ледена вода во Авганистан. Ова е метода слична на симулацијата на потопување, но никогаш не се појави на листата на одобрени техники на Министерството за правда.

Функционерите велат дека милиони документи покажуваaт дека способноста на агентите на ЦИА да извлечaт највредни информации, вклучувајќи го и податокот за локацијата и убиството на Осама бин Ладен во 2011 година, немаат речиси никаква врска со „засилените техники на испрашување“.