Сенатската комисија ја побара сета документација од кампањата на Трамп

Комисијата на американскиот Сенат а разузнавачки прашања која го истражува наводното руско мешање во американските претседателски избори минатата 2016 година, побара од политичките организации од претседателот Доналд Трамп да ја предаде целата документација од кампањата во 2015 година, објави во петокот The Washington Post.

Писмото на сенатската комисија, којашто ги бара сите документи, електронската пошта и телефонските записи во врска со Русија од кампањата до јуни 2015 година, минатата седмица пристигнало во изборниот штаб на сегашниот американски претседател Доналд Трамп.

Според весникот, тоа е првпат организацијата на кампањата на Трамп да биде „вовлечена“ во истрагата на двопартиската комисија за наводното руско мешање во претседателските избори во САД. Се очекува дека наскоро ќе бидат контактирани десетици поранешни членови од кампањата, за да се осигури дека се свесни за ова барање.

Писмото го потпишале републиканскиот сенатор Ричард Бар, воедно и претседател на комисијата, и демократскиот сенатор Марк Ворнер.

Истрагата на Сенатот за вмешувањето во изборите е одвоена од истрагата за предметот кој го води специјалниот обвинител кого минатата седмица го именуваше министерот за правда и поранешен директор на Федералното биро за истраги (FBI), Роберт Мјулер.

Штабот на Трамп за претседателската кампања, кој е сместен во „Трамп Тауер“ во Њујорк, сега го водат Мајкл Глеснер, поранешен заменик на шефот на кампањата, и Џон Пенс, внук на потпретседателот Мајк Пенс. Во написот се додава дека Белата куќа немала директен коментар на овие информации.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.