Шендова: Школите се безбедни за настава

Во вечерашното Отворено студио на ТВ Нова, проф. д-р Вероника Шендова од ИЗИИС изјави дека при сите извршени инспекции по земјотресите било утврдено дека штетите се само на преградните, неносечки ѕидови, додека немало никакви оштетувања на носечката конструкција.

„Објектите се далеку од, не дај Боже, рушење. Но, мора да се напомене дека склопот на неизвесност, немоќноста што ја чувствуваат граѓаните, паниката што се создава поради тоа, најчесто може да направи да и овие неконструктивни оштетувања направат механичка повреда, од паѓање на слика, на малтер, на слика итн.“, вели Шендова.

Екипите на ИЗИИС на терен прават обиколка на сите простории од конструкцијата, оцена на она што се случува, и евентуално давање на рестрикции за користење на некој дел сѐ додека со сигурност не се знае дека тлото се смирило.

„Школите се безбедни, и во тие школи каде што можеби има 1600 ученици, ние сме забраниле две или три училници, што не е многу“, рече Шендова.