Сендреи контра Шекеринска: Лесно ќе се разбереме со Владата

Доказите врз основа на кои Окружниот суд во Њујорк постапува по корупцискиот скандал „Телеком“ покажуваат дека во 2005 година Владата на Владо Бучковски и Радмила Шекеринска воопшто не била проблем во амбициите на „Македонски Телекомуникации“ и „Маѓар Телеком“ да задржат монополска позиција на пазарот во Македонија, напротив, според Сендреи, Владата многу лесно ќе била „убедена” да усвои закон за зачувување на монополот на неговата компанија. „Република“ веќе објави дека, во документ подготвен од страна на директорот на „Македонски Телекомуникации“, Атила Сендреи, кој со години се крие од кривичното обвинение во Македонија, тој наведува дека на Радмила Шекеринска и’ дал предлог закон за телекомуникации кој бил изработен според интересите на Македонски Телекомуникации.
Sekerinska Vladata e opcija 2

“Македонски Телекомуникации заедно со Маѓар Телеком во април 2004 година подготвија целосно нов закон за телекомуникации и и го предадоа на госпоѓица Шекеринска. Законот подготвен од страна на Македонски Телекомуникации беше во согласност со барањата на ЕУ. Нашиот совет беше тој текст да биде користен како основа на законот”, пишува во документот подготвен од Сендреи.

Во истиот документ се наведува дека поради притисок извршен не од страна на Шекеринска, туку од страна на Соединетите Американски Држави, преку агенцијата УСАИД, и американската консултантска куќа Буз Ален и Хамилтон, подготвиле нов закон во кој е предвидена либерализација на македонскиот телекомуникациски пазар, со што ова станува барање како на Европската Унија така и на САД.

Појавата на нов закон, спротивен на верзијата која ја подготвиле во Македонски Телекомуникации, предизвикала паника во компанијата и го започнува процесот на нејзино лобирање кон македонските пратеници и Владата со цел да се врати првичната верзија на законот. Во овој процес, во документот на Сендреи се вели дека на располагање се два милиони евра за потплатување на политичарите од коалицијата СДСМ-ДУИ-ЛДП.

“Што можеме да понудиме за прифаќање на нашата верзија на законот во Собранието: Доколку при било која од контролните точки на процесот се појави опасност од значително отстапување на верзијата на законот подготвена од нашата работна група, и доколку не сме во состојба да ги вратиме овие отстапувања со други мерки, тогаш оптималната понуда за прифаќање на сите наши предлози може да биде износ во висината на два милиони евра, доколку бидат побарани. Но, мора да има преговарање по средбите во партијата и Собранието”, пишува во документот на Сендреи.

Но, уште пострашно за тврдењето на Шекеринска дека, како вицепремиер за европски интеграции таа се борела против можноста е оценката на Сендреи дека постојат две опции да се отстрани законот подготвен од УСАИД и да се врати законската верзија која била во полза на Македонски Тeлекомуникации.

Доколку некоја од комисиите реши другата верзија на законот да биде вратена до Владата, може да почне нова процедура при што верзијата на нашата работна група со леснотија може да биде вклучена како официјален нацрт закон”, пишува во документот подготвен од Сендреи.
Доколку некоја од комисиите реши другата верзија на законот да биде вратена до Владата, може да почне нова процедура при што верзијата на нашата работна група со леснотија може да биде вклучена како официјален нацрт закон”, пишува во документот подготвен од Сендреи.

“Од 26 декември претставници на Македонски Телекомуникации вложија многу напори да го сменат текстот на законот ОДВ (законот предложен од УСАИД) во верзијата на нашата работна група со убедување на клучните личности во предноста на нашиот предлог. Овие личности се клучните членови на комисиите каде може да се донесе позитивна одлука. Господинот Томе Тромбев има многу значајна улога како мост и е менаџиран од господинот Бузлевски. Опцијата број 1 е собраниските комисии и Собранието, преку низа убедувачки дискусии, преку амандмани да ја прифатат верзијата на работната група. Опцијата број 2 е, доколку некоја од комисиите реши другата верзија на законот да биде вратена до Владата, може да почне нова процедура при што верзијата на нашата работна група со леснотија може да биде вклучена како официјален нацрт закон”, пишува во документот подготвен од Сендреи.

Од ова произлегува дека Атила Сендреи и директорите на Маѓар Телеком воопшто не се плашеле дека Владата на Бучковски и Шекеринска би можела да претставува некаква пречка во нивните планови да ја задржат монополската позиција во Македонија. Напротив, покрај издвојувањето на два милиони евра за потплатување на пратениците во Собранието, компанијата, преку грчките посредници Михаил Кефалојанис и Ставрос Ставридис, од групацијата на Димитрис Контоминас, веќе на големо подготвувала најмалку четири милиони евра за директно потплатување на партиските раководства на СДСМ и на ДУИ, пари кои ќе им бидат исплатени преку фирми во Кипар, за лажно извршени консултантски и други услуги преку компанијата Чаптекс на Контоминас.

Клучната обврска која македонската Влада ја презема во овие коруптивни зделки со грчките посредници и со унгарските директори е да не дозволи влез на трет мобилен оператор во Македонија. Тоа е содржано во првата точка на Протоколот за соработка, кој бил склучен меѓу Бучковски и директорот на Маѓар Телеком Елек Штрауб. Македонија мораше да чека до 2007 година, кога Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА конечно распиша тендер за трет мобилен оператор, на кој победи групацијата Телеком Австрија, за во Македонија да се појави вистинска конкуренција на пазарот на мобилната телефонија и на интернет услугите.