Сеп Блатер и понатаму ја ужива поддршката од африканските земји

Претседателот на африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ), Иса Хајат, изјави дека целиот африкански континент ќе ја поддржи кандидатурата на првиот човек на ФИФА, Сеп Блатер, за уште еден мандат на изборот за претседател на Светската фудбалска федерација.

– Сите 54 земји-членки ќе гласаат за Сеп Блатер, изјави Хајат на конгресот во Каиро на кој присуствуваше и Блатер.

Земјите од „црниот континент“ редовно го поддржуваат Блатер и на секој избор за претседател на ФИФА гласаат за него.

Следните избори за прв човек на Светската фудбалска федерација ќе се одржат на 29. Мај во Цирих.

Покрај Блатер, за претседателското место во ФИФА се кандидираа уште Португалецот Луис Фиго, јорданскиот принц Али бин ел Хусеин и претседателот на холандскиот фудбалски сојуз, Мајкл ван Праг.