Сепак Падерборн е премал за гигантот

Тимот на Баерн Минхен брзо го заборави саботниот кикс против Хамбургер (0:0) и вечерва против Падерборн ја забележа најубедливата победа во досегашниот дел од првенството.

Избраниците на Пеп Гвардиола славеа со високи 4:0, во меч во кој во двете полувремиња беа постигнати по два погодоци. Во првиот дел прецизни беа Марио Геце и Роберт Левандовски, а во вторите 45 минути одново стрелаше Геце како и Томас Милер кој ја затвори гол-серијата.

Со овој триумф Баварците го запоседнаа првото место на табелата со 11 освоени бодови по пет првенствени мечеви.

На останатите натпревари, Шалке ја забележа првата победа и тоа против Вердер на гостински терен (3:0), додека немаше победник на средбите Франкфурт-Мајнц (2:2) и Хофенхајм-Фрајбург (3:3).