Сепаратистите ги користат цивилите како штитови

Привремените власти во Киев тврдат дека овие сили убиваат украински војници користејќи ги цивилите како човечки штит. Во два одвоени напади на контролниот пункт и конвојот на украинските трупи во близина на Воновах во регионот Дoњецк настрадале војници.

Министерството за внатрешни работи во Киев тврди дека „терористите“ го блокирале мостот со помош на „цивилни провокатори“, а потоа отвориле оган на конвојот. Во Луганск, регион кој заедно со Доњецк на 11 мај населението гласаше за кримското сценарио и одвојување од Украина, вчера прогласи воена состојба и општа мобилизација за мажи од 18 до 45 години.

Прес службата на самопрогласената Луганска народна република наведува дека тој регион е во состојба на подготвеност заради инвазијата од широки размери на воените единици од Киев. Во соопштението е наведено дека се во тек вооружени судири на силите на украинската национална гарда и луганските сили во близина на градот Рубежној и Лисичанск.

Генералниот секретар на НАТО,  Андерс Фог Расмунсен  вчера во Подгорица изјави, дека се „воочени активности“ кои покажуваат повлекување на дел од руските трупи од границата со Украина. Владимир Путин, претседатеот на Русија, издал наредба за повлекување на војската од западната граница, што треба  да ги смири тензиите пред претстојните претседателски избори во недела, 25 мај.

„Воочени се активности на руските трупи во близина на украинската граница, што би можело да укажува на тоа дека некои од тие трупи ќе се повлечат“, рече генералниот секретар на Алијансата и додаде дека ако бидат увидени „сеопфатни активности на повлекување“ кои можат да се докажат, тој прв ќе го поздрави ваквиот потег на руската страна.

Три дена пред претседателските избори во Украина,, германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајмајер, истакна дека е важно сите да ги признаат резулатите од изборите и додал дека не верува дека Русија избрала себеси меѓународно да се изолира. Западот се закани со поголеми санкции против Русија, ако Москва го наруши гласањето во недела, а Штајнамајер рекол дека е од интерес за сите изборите да бидат чесни колку што е тоа возможно и додал дека тоа, можеби и нема да биде возможно во некои градови, пренесоа медиумите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.