Сепаратистите ја повлекуваaт тешката артилерија од Доњецк

Лидерот на проруските сепаратисти денеска изјави дека започнале со повлекување на тешката артилерија од позици во јужниот дел на Доњецката област во Источна Украина.

– Војската почна со повлекување на артилериските делови со калибар над 100 милиметри во јужниот дел на самопрогласената Доњецка народна република, изјави денеска Денис Пушилин, заменикот директор на парламентот на ДНР.