сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 48

Септемнври со просечни температури

Температурата на воздухот во септември годинава беше во рамки на просекот, а врнежите од дожд во северните и источните делови се под просекот, а во западните и јужните делови и до три пати повисоки. Највисоката температура од 34,2 степени е измерена во Гевгелија, најниската во Берово минус 0,8 степени, а најмногу дожд е регистриран на 7 септември во Маврово со измерени 84,5 мм, со што е надмината историската вредност на дневен максимум.

133376785

Поврзани вести

Измерените апсолутно максимални температури достигнаа вредности до 34,2˚С во Гевгелија, а најниската апсолутна минимална температура е измерена во Берово -0,8˚С.

Според мерењата на УХМР редно месечните температури на воздухот во текот на месец септември во Република Македонија се движела од 11,3˚С во Маврово до 20,5˚С во Гевгелија. Во Лазарополе е измерени 11,7˚С, 14,0˚С во Берово, 15,3˚С во Крива Паланка, 16,1˚С во Охрид, 16,8˚С во Битола и Прилеп, 18,6˚С во Скопје, 19,0˚С во Штип, 19,1˚С во Струмица и 19,6˚С во Демир Капија). Овие вредности, како што информира УХМР, на средно месечни температури се незначително помалку од еден степен пониски од просечните вредности.

Средномесечните максимални температури и средномесечните минимални температури се во рамките на просечните многу годишни вредности. Единствено во Маврово, Битола, Охрид и Прилеп средните максимални температури на воздухот се пониски од просечните вредности.

Измерените апсолутно максимални температури достигнаа вредности до 34,2˚С во Гевгелија, а најниската апсолутна минимална температура е измерена во Берово -0,8˚С.

Измерената месечна сума на врнежи во септември 2016 изнесува од 22 мм во Берово до 242 мм во Маврово. Во Скопје се измереи 23 мм, 24 мм во Крива Паланка, 28 мм во Штип, 31 мм во Струмица, 45 мм во Демир Капија, 83 мм во Охрид, 49 мм во Лазарополе, 56 мм во Битола, 67 мм во Демир Капија, 85 мм во Гевгелија, 92 мм во Прилеп, 136 мм во Битола и 152 мм во Лазарополе).

Измерените месечни количини на врнежи во Берово, Крива Паланка, Скопје, Штип и Струмица се под просечните, додека во западниот дел на земјата, односно Маврово, Лазарополе, Битола, Прилеп, Охрид како и јужните делови  – Демир Капија и Гевгелија се два до три пати повисоки од просекот за овој месец.

Најчитани вести