До септември ќе бидат вработени 131 дефектолог

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес оствари состанок со 8 градоначалници и претставници од разни претпријатија на кој разгледана беше состојбата со барањата на граѓаните од теренските посети.

Во однос на барањата за вработување на дефектолози кое беше посочено при теренската посета во Кичево, заменик-министерот за образование Спиро Ристовски информираше дека потпишана е согласност за вработување на 131 дефектолог.

Седумдесет и две се завршени, односно толку дефектолози се вработени во моментов. За останатите процедурата е во тек и очекувам заклучно со септември сите да бидат завршени, што значи речиси и ќе нема невработени дефектолози, рече Ристовски.

Груевски посочи дека со ова се решава голем долгогодишен проблем за дефектолозите.