Серафимовска: Бројните лоши примери на СДСМ за непотизам продолжуваат и на локално ниво

Изминативе месеци сме заложници на политиките на СДС на локално и национално ниво. Од досега направеното може да се види дека само мала група на граѓани имаат бенефит од оваа исклучително корумпирана политичка структура, истакна на прес-конференција Христина Серафимовска, советник во општина Штип од ВМРО-ДПМНЕ.

Рече дека непотизмот е главна особина на политиката на СДС, а во изминативе месеци тоа се‘ повеќе се забележува.

„На локално ниво, наместо ветениот живот, сведоци сме на богатење и унапредување само на тесен круг функционери и членови на нивните семејства. Бројни се примерите кои укажуваат на лошите навики за непотизам во СДС од минатото, како на пример: маж началник – жена директор во здравствена установа, жената директор на градинка – мажот командир. Од друга страна пак граѓаните се‘ погласно коментираат за дуплирање на функциите кај истите лица, челници во оваа партија: лице кое е член на управен одбор во институција на државно ниво, во исто време стана раководител на Сектор во Општина Штип; член на Советот на Општина Штип од СДС, од неодамна е вработена во Средно општинско училиште; лицето кое е Советник на градоначалникот, во исто време е и член на Управен одбор“, нагласува Серафимовска.

Советничката додава дека ова се само дел од примерите кои станаа пракса во раководењето на СДС и кои ги полнат џебовите само на оние кои се во блиска врска со неколкуте семејства од Штип кои долги години ја раководат оваа партија.

„Очигледно е дека само одредени лица во СДС имаат право да се богатат и да добиваат функции, како на грбот на граѓаните, така и на грбот на своите членови. Останатите ќе чекаат да дојде животот, кој им ветуваше уредени улици, тротоари, спортски сали и жичари“, нагласи Серафимовска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.