Сереи Ди не плач поради химната

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Сереи Ди, експресно ја демантираше пласираната шпекулација на “Л’Екип” и “Дејли Мејл” дека играчот за врска пред почетокот на натпреварот против селекцијата на Колумбија плачел за татко му кој починал два часа пред самиот старт на натпреварот.

Сереи Ди ја искористи познатата апликација “Инстаграм“ со цел да објасни дека солзите биле од возбуда и емоции кон националниот дрес и химната, бидејќи никогаш не верувал дека ќе настапи на Светско првенство.
“Здраво, само сакам да кажам дека не во ред тоа што сите го зборуваат дека сум плачел поради мојот татко. Тој почина уште во 2004-а година, а моите солзи беа емотивна реакција за настапот на Светското првенство и поради фактот што ја преставував мојата земја. Сакам да им се извинам на сите поради мојата грешка по која следуваше голот на Колумбија. Господ да ве благослови сите”, напиша Ди по сликата со неговиот дрес.