Серена ќе се бори за својата осма титула во Мајами

Првиот женски рекет на светот, Серена Вилијамс се пласираше во финалето на Мастерсот во Мајами.

Серена славеше над Романката Симона Халеп со 2:1 (6:3, 2:6, 7:5) во натпревар кој траеше повеќе од два часа.

Ова ќе биде можност за помладата од сестрите Вилијамс да стигне до својата осма титула во Мајами, а противник во битката за трофејот ќе и биде шпанската тенисерка Карла Суарес Наваро која беше поуспешна од Андреа Петковиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.