Серена: Кога играат против мене, играат како против маж

Американската тенисeрка Серена Вилијамс уште еднаш ја почувствува горчината на поразот во раната фаза на еден грен слем турнир. Првиот светски рекет е елиминирана во третото коло на Вимблдон од Французинкaта Алисон Корне со 1:6, 6:3, 6:4.

“Не одиграв добар натпревар , но овие девојки кога играат против менe, играат како да се на АТП турнирите, односно играат како против маж. Не е лесно да се биде во моја кожа“, изјави Серена, која годинава на сите три грен слем турнири беше елиминирана пред полуфинале.

Марија Шарапова рутински ја совлада Американката Риске со 2:0, Бушар со 6:3, 6:4 славеше над Петковиќ, додека Анжелик Кербер беше подобра од Белгијката Флипкенс.

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртото коло на Вимблдон по победата над Жил Симон со 6:4,6:2,6:4. Место во четвртото коло обезбеди и првиот светски рекет Шпанецот Рафаел Надалкојво четири сета славеше над Кукушкин со 6:7, 6:1, 6:1, 6:1

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.