Серена продолжува со доминацијата – го освои и Синсинати

Серена во финалето беше подобра од Романката Симона Халеп со 2:0 во сетови.

Вилијамс лошо го почна мечот, губеше со 2:0 во гемови, но потоа се врати во ритам и го освои со 6:3. Во вториот сет  Халеп стигна до тај-брејк, но таму потклекна во решавачките поени и го загуби со 7:5.

Тоа беше доволно за нов пехар во кариерата за неверојатната Серена Вилијамс.