Серенада со вувузели за Роналдо

Навивачите на иранската репрезентација со вувузели правеа врева, синоќа пред хотелот во Саранск каде се сместени фудбалерите на Португалија, пред денешниот натпревар од групата „Б“ на Светското првенство во Русија.
Иранските навивачи се потрудија фудбалерите на Португалија да бидат што е можно поуморни за мечот против нивната репрезентација на Мундијалот.

https://youtu.be/xiqdZQIo_DI?t=61

Концертот не му годеше на Роналдо, кој во еден миг се појави на прозорецот од неговата хотелска соба и ги повика навивачите да се стивнат и да ги остават да спијат.

Иран и Португалија играат вечерва од 20 часот, а Иран може да проложи понатаму само ако ги победи европските шампиони, а на Португалија за влез во осмина финалето ѝ е доволен само еден бод.