Серенади и наполитански песни во Карпош

Со прекрасна рецитал – изведба на народни песни од фолклорното македонско творештво, хорот „Серенада“ ги забавуваше присутните гости вчеравечер на Карпошовото културно лето.

Пензионерите –хористи ги собраа аплаузите на отворената сцена на платото во Т Ц „ Лептокарија“, како од повозрасната генерациска публика, така и од помладите жители на Општина Карпош. Со хорската рецитација на „Биљана платно белеше“ , „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ , „Зурли трештат на сред село“, како и безвременската „Серенада“, овој хорски состав им приреди незаборавна вечер на карпошани.

Вистинското летно уживање на оваа културна карпошова манифестација го продолжија Влатко Груевски (тенор) и Андреј Наунов (пијано). Тенористот Груевски и пијанистот Наунов на присутните карпошани им овозможија пријатна ѕвездена карпошова ноќ со наполитански песни.

Овој вид музички жанр, кој е со карактеристична медитеранска мелодија, пишуван исклучиво на наполитански дијалект е популаризиран стил во XIX и особено во XX век, најпрво во Италија, па потоа и на северно-американскиот континент од страна на неаполците доселени таму.

„Santa Lucia“, „Maria Mari“, „Luna Rosa “, како и светски познатата наполитанска нумера „О sole mio“ беа дел од репертоарот на музичко-уметничкиот двоец, кој на гостите сношти им подарија вистински „наполитански коцерт“.