Балкан

Сергеј Лавров денес втор ден во Србија

Сергеј Лавров денес втор ден во Србија

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров денеска ја завршува двоневната посета на Србија и разговорите со највисоките претставници на Србија, пренесоа медиумите.

Лавров на вториот, завршен ден од посетата ќе разговара со премиерот на Србија, Александар Вучиќ, а потоа и со претседателот на Србија Томислав Николиќ.

Според најавите на Москва, Лавров и српските претставници ќе разговараат за актуелните меѓународни и општоевропски проблеми, како и ситуацијата на Балканот.

Ќе стане збор за билатерална соработка во духот на Декларацијата за стратешко партнерство на Русија и Србија, каде што важно место завзема трговско-економската соработка, навело руското министерство за надворешни работи.