Свет

Сергеј Лавров ја исмеа Кетрин Ештон пред целиот свет

Сергеј Лавров ја исмеа Кетрин Ештон пред целиот свет

На почетокот на денешниот состанок на Сергеј Лавров, шеф на руската дипломатија и Кетрин Ештон, преставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност во Мадрид, дошло до мал инцидент, бидејќи Лавров се шегувал со Ештон.

Во просторијата која се одржал состанокот на масата биле поставени слатки, а Лавров рекол: „Колачиња. Послужете се, не се баш од Мајдан, ама сепак,“ алудирајќи на нејзиниот престој на Евромајдан за време на протестите во Киев.

Во просторијата сите застанале, а Ештон тивко промрморела дека „не јаде слатки“.

„Никогаш во животот не сум јадела колачиња“, рекла Ештон и неколку моменти потоа владеела поприлично непријатна атмосфера, пишува информативниот портал „Глагол“.

„Кај вас овде баш е убаво“, додала таа во обид да ја развесели атмосферата.

„Да, нашиот амбасадор заслужи да работи на вакво убаво место. Ние луѓето ги вработуваме според заслугите, не според политичките убедувања“, рекол Лавров алудирајќи на новите киевски власти и се насмевнал, пишува „Глагол“.

Ештон во целост се збунила и веднаш побарала медиумите да ја напуштат просторијата.