Сергеј Скрипал се освестил и може да зборува

Поранешниот полковник на руското воено разузнавање ГРУ подоцна врбуван за британското разузнавање Сергеј Скрипал кој бил изложен на нервен агенс на 4-ти март во јужниот англиски град Солсбери, излегол од коа и веќе може да разговара, објави водителот на информативната програма на британската телeвизија Sky News.

Според неа, полициските иследници наскоро ќе може да разговараат со лицето околу кое се одвива целиот инцидент во Солсбери кој предизвика нова ескалација на тензиите меѓу Западот и Русија.

Според телевизијата, поранешниот двоен шпион повеќе не е во критична состојба, добро реагира на третманите, останува во свесна состојба и може да комуницира.

Истовремено братучетката на ќерката Јулија Сркипал, којашто беше изложена на нервен отров заедно со таткото, јавно апелираше до британската премиерка Тереза Меј, со барање да го преиспита одбивањето на нејзиното барање за британска виза за да ги посети своите роднини во Солзбери. Својата порака таа директно ја прочита во програмата на Sky News.

„Главното што го посакувам во моментов е да ги видам лично, за да можам точно и искрено да и кажам на нашата баба каква е здравствената состојба на нејзините син и внука, но издавањето виза ми е одбиено. Целиот свет зборува за невидениот политички скандал, но во епицентарот на тој скандал се наоѓаат вистински луѓе. Тие се нашето семејство, коешто навистина сега треба да биде заедно“, изјави Викторија Скрипал обраќајќи се директно кон британската премиерка.

Својата изјава таа ја прочита на руски јазик, а истовремено одеше англиски превод, откако претходно во петокот изјави дека потегот укажува дека Лондон „сака нешто да прикрие“.

Министерството за внатрешни работи во петокот одби да ѝ издаде виза на Виктроја Скрипал, којашто сака да ја посети братучетката 33-годишната Јулија Скрипал, која е државјанка на Русија, а којашто пред речиси од десет дена излезе од кома и според лекарите добро закрепнува. Портпаролката на британското министерство за внатрешни работи изјави дека барањето за виза е одбиено „поради тоа што не е соодветно на имиграционите правила“.

Руската амбасада во Лондон особено забележува за изјавата на „владини извори“ за BBC, кој претпостави дека одбивањето за одобрување виза е поради тоа што „руската влада, се чини, се обидува да ја искористи Викторија како пешак“. А тоа, како што истакнуваат од руската дипломатска мисија, „јасно укажува дна тоа дека одлуката е донесена од чисто политички причини“ и оти британската дипломатска мисија била должна на Викторија Скрипал да ѝ помогне како правилно да ја пополни апликацијата.

Москва истакнува дека на овој начин Сергеј и Јулија Скрипал, чијашто здравствена ситуација според последните информации наводно се поправа, останува сокриена од јавноста, медиумите и конзуларните претставници, и оти единствената роднина којашто може да ги види не ѝ се дозволува влез во Велика Британија.

„Упорното одбивање да се соработува, да се обезбеди транспарентност на случајот и да се одговори на многубројните прашања значи дека Британија има нешто да сокрие“, заклучуваат од руската амбасада во Лондон.