Сергеј Трифуновиќ исфрлен од кафеана поради секс во тоалетот!

Сергеј Трифуновиќ уште долго ќе се сеќава на минатиот викенд кога со друштвото во една кафеана уживаше во музиката и алкохолот, а во раните утрински часови мораше да ја напушти во сосема поинакво расположение.

-Сергеј по доаѓањето веднаш го заврти вниманието на себе. Иако кафеаната беше полна до последното место тој инсистираше келнерот да му обезбеди маса. Веднаш потоа обожавателките почнаа да му приоѓаат барајќи му да се фотографираат со него – вели извор во кафеаната.

Тој додава дека Сергеј брзо си нашол девојка.

 -Во еден миг актерот се издвои од друштвото за да отиде во тоалет, а по него тргна и една непозната девојка. Тие се заклучија во кабината. Што правеа таму, можете само да претпоставите. Меѓутоа проблемот настана кога вработените во кафеаната ги замолија гостите да го напуштат локалот рано наутро, по крајот на работното време. Обезбедувањето мораше да интервенира бидејќи актерот сѐ уште беше во тоалетот со девојката. Тие заедно со еден пријател на Сергеј отидоа до таму за да ги замолат да излезат. Тоа не му се допадна на актерот, но сепак послуша – вели изворот.

Пријателите кои биле со Сергеј таа ноќ во кафеаната се колегите актери од Норвешка со кои го снимаше филмот „In order of disapperance“.

Сергеј Трифуновиќ не крие дека обожава да води љубов на јавни места.

-Најлудото место на кое водев љубов е Стариот град во Котор, на самиот врв сосе панорамата – своевремено изјави актерот.