Серхио Агуеро ќе остане само пуста желба на Реал (М)

Претседателот на најтрофејниот клуб во шпанската Примера дивизион, Реал (М), Флорентино Перез и понатаму не се откажува од намерата да ги осигура услугите на аргентинскиот интернационалец од редовите на најбогатиот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Сити, Серхио Агуеро.

Англиските медиуми повторно ја форсираат приказната дека првиот човек на :кралскиот клуб” подготвува нова понуда за брзоногиот напаѓач не помала од 50 мил. евра, но и дека истата експресно Ќе биде одбиена од сопствениците на Манчестер Сити со образложение дека Агуеро има статус на недопирлив на “Итихат” и дека вреди дупло повеќе од понудената сума на Реал (М).

Аргентинскиот интернациналец важеше за голема желба и на сега веќе поранешниот претседател на каталонскиот гигант Барселона, Сандро Росле, но првиот човек на Барса не беше подготвен да понуди поголема парична сума за најдобриот голгетер во дресот на Манчестер Сити.